Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување
Проектот е финансиран од Европската унија

ЗА НАС

КРАТКО ЗА НАС

За оддржувањето на веб сајтот се грижи ПСМ Фондација.

Приказната на ПСМ Фондација претставува вистински синоним за претприемништво. Од нејзиното основање во 2005 година, па до денес, ПСМ Фондација повеќе од 10 години го промовира и унапредува претприемништвото како столб на локалниот економски развој. Преку директна поддршка на повеќе од 85 успешни стартап компании, во рамки на првиот и најстар ИТ бизнис инкубатор во Р. Македонија, ПСМ Фондација учествува во креирањето на над 350 работни места, во најголем дел млади луѓе.

Една од примарните цели на фондацијата е да нуди постојана поддршка за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, со цел да се зголеми нивната вработеност преку зајакнување на нивните вештини и компетенции за (само)вработување. Во рамки на бизнис инкубаторот, кој е главна компонента на ПСМ Фондација, се нудат специјализирани услуги преку кои заинтересираните можат полесно да започнат и водат сопствен ИТ бизнис. Во просторот распространет од 600 м2 со капацитет од 22 комплетно опремени канцеларии, дневно на работа доаѓаат над 50 луѓе.

ПСМ Фондација организира и тематски обуки, Б2Б настани за вмрежување, специјализирана бизнис поддршка, како и програма за развој и имплементација на проекти. Повеќе од 7000 млади луѓе учествувале во настаните и повеќе од 3000 луѓе посетувале обуки на теми поврзани со претприемништвото и ИКТ индустријата.

ПСМ Фондација e препознатлива како еден од клучните актери во претприемачкиот еко-систем во Македонија. Фондацијата постојано ги унапредува услугите за поддршка на стартап бизнисите преку тековна евалуација на потребите на претприемачите и предизвиците со кои се соочуваат, со цел зголемување на нивната конкурентност, можностите за интернационализација и бизнис соработка. 

ПСМ Фондација е имплементатор на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ финансиран од Европската унија. 

Контакт