Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување
Проектот е финансиран од Европската унија

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

 ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте со внимание:

 

eshop.pretpriemac.mk е интернет продавница, која нуди продажба на висококвалитетни рачни изработки и е отворена 24 часа за разгледување, пребарување и купување.

Плаќањето е обезбедено со посебен софтвер за интернет продавници, овозможено од Касис и УниБанка АД Скопје.

Дистрибуцијата опфаќа достава до адреса наведена од страна на купувачот во рок од два до пет дена, на територија на цела Македонија.

За одржувањето на веб сајтот eshop.pretpriemac.mk се грижи ПСМ Фондација.

 

Опис на производот

Сите описи на производите се направени со цел за нивно најблиско и најточно можно опишување. Сепак, ПСМ Фондација не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. 

 

Цени

Сите цени се изразени во  македонски денари со вклучено ДДВ  и не ги вклучуваат трошоците за испорака.
Цената на една испорака изнесува 100, 00 денари.
ПСМ Фондација
го задржува правото да ги менува цените на производите и услугите на својата онлајн продавница.

 

БЕЗБЕДНО ПЛАЌАЊЕ 

 

Во eshop.pretpriemac.mk можете да платите на повеќе начини при избор на производ.

 

Првиот начин е да платите со платежна картичка која што е издадена од било која банка во Македонија и странство и подлежи на опцијата електронски плаќања VISA ELECTRON, Master, Maestro. Откако ќе го одберете производот и ќе го ставите во потрошувачката кошничка, треба да го финализирате плаќањето електронски. Податоците кои ги оставате во текот на плаќањето се заштитени од картичниот центар за електронски плаќања КАСИС. Тоа значи дека во моментот на плаќање се префрлате на безбедносната страна на КАСИС, а откога ќе заврши плаќањето се враќате на страната eshop.pretpriemac.mk. Така што, никој, ниту ПСМ Фондација, ниту нашиот партнер УНИБанка, нема пристап до вашите информации од картичката. На тој начин сте заштитени и нема потреба да се плашите да купувате он-лајн. 

 

Напомена: Употребата на платежни картички за купување он-лајн, кои што не се ваша сопственост, а ги користите без дозвола на имателот на картичката се смета за кривично дело и злоупотреба и за таквите дејствија ќе одговарате пред Законот.

 

Вториот начин е плаќање со профактура.

 

Политики и измени

ПСМ Фондација го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.

 

Контакт
ПСМ Фондација

ул. „16-та Македонска Бригада“ 13Б Скопје
(поштенски фах 776) 1001 Скопје

Република Македонија
Телефон: +389 (0) 2 3103 660 

Е-mail: contact@yes.org.mk

Контакт